Козметика / Фото: Pexels/Emma Bauso

И во Македонија се заработуваат милиони од парфеми и козметика

Пазарот на козметика, парфеми и производи за лична нега во Македонија продолжува да носи милионски приходи и добивки, а најновите финансиски податоци за 2025 година покажуваат дека ДМ Дрогерие Маркт убедливо доминира во секторот, објави Фактор.

Според порталот, ДМ ја завршил 2025 година со приходи од околу 58,3 милиони евра и добивка од приближно 2,7 милиони евра, со што е лидер и според приходите и според профитот. На второто место според остварената добивка е АТУ Македонија со околу 1,5 милиони евра, додека Сарантис-Скопје е трет со добивка од околу 1,3 милиони евра. Следува тетовски Шатци, кој остварил заработка од нешто повеќе од еден милион евра.

Како што пишува Фактор, според висината на приходите зад ДМ се Сарантис-Скопје со околу 8,4 милиони евра, Трејдек со 7,3 милиони евра и Шатци со приближно седум милиони евра. Во првите десет компании според приходите се најдоа и Алма од Кочани, Пуре Лифе Косметикс од Тетово, Еликсир Дистрибуција, Мат Трејд, Евро Стил Трејд и Лукс Дистрибуција, кои во 2025 година оствариле приходи од неколку милиони евра.

Фактор посочува дека, покрај специјализираните компании, козметика и производи за лична нега продаваат и големите трговски синџири и аптеките, што значи дека вкупниот пазар е значително поголем. Финансиските резултати покажуваат дека станува збор за индустрија вредна десетици милиони евра годишно, во која ДМ има убедлива предност пред конкуренцијата.

Од денес, козметичките салони во ЕУ не смеат да користат гел лак за нокти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот