Светско првенство 2026/ EPA/CHRIS TORRES

Суперкомпјутерот пресмета, Аргентина има најмалку шанси за светска титула

Во пресрет на полуфиналните натпревари на Светското првенство, каде што ќе се соочат Франција и Шпанија, како и Англија и Аргентина, платформата „Football Meets Data“ ги објави своите најнови пресметки за шансите на преостанатите репрезентации да го освојат трофејот.

Според анализата на суперкомпјутерот, Франција е главен фаворит за светската титула со 31,2 проценти веројатност да стане шампион. Веднаш зад „триколорите“ е Шпанија, на која ѝ се даваат 25,4 проценти шанси за освојување на мундијалскиот пехар.

На третото место е Англија со 22,6 проценти изгледи за титулата, додека актуелниот светски шампион Аргентина има 20,8 проценти шанси успешно да ја одбрани круната.

Првото полуфинале помеѓу Франција и Шпанија на програмата е утре од 21:00 часот, додека во истиот термин в среда ќе се соочат Англија и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот