Диего Форлан ќе биде наследникот на Биелса?
Поранешниот напаѓач Диего Форлан, според последните информации, е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај. Тој би требало да го наследи Марсело Биелса, кој ја напушти функцијата по неуспешниот настап на Светското првенство.
Препорачано
Шпанските медиуми пишуваат дека планот е Форлан да ја предводи репрезентацијата за време на септемврискиот, октомврискиот и ноемврискиот репрезентативен циклус, како и на пријателските натпревари до март 2027 година.
„Фудбалската федерација на Уругвај потоа ќе одлучи дали ќе му ја довери селекторската функција на подолг рок или ќе назначи нов предводник, а конечната одлука ќе зависи и од исходот на внатрешните избори што треба да се одржат кон крајот на годината“, пренесуваат шпанските медиуми.
Форлан, кој има 47 години, е една од најголемите легенди на уругвајскиот фудбал. За националниот тим настапи на 112 натпревари и постигна 36 голови, оставајќи длабока трага во историјата на репрезентацијата.
На 100 натпревари имаше над 6,5 милиони навивачи на стадионите на Мундијалот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
10час
-
10час
-
12час
-
13час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


