Фото: mkd.basketball

Македонските млади кошаркарки се подготвуваат за настапот на Европското првенство во Романија

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија, одигран денеска во Ботевград. Домаќинот беше подобар и славеше со 77:56.

Ослабена поради неиграњето на неколку важни кошаркарки – Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, а на овој натпревар и Вања Милосаљевиќ – македонската репрезентација тешко успеа да му парира на противникот, кој уште во првата четвртина создаде значајна резултатска предност.

Бугарија по првите десет минути водеше со 27:11, а на полувремето ја зголеми разликата на 42:21.

Во второто полувреме избраничките на селекторот Виктор Петровски прикажаа подобра игра. Натпреварот беше многу поизедначен, а во последната четвртина Македонија успеа да ја намали високата негатива и да остави подобар впечаток во завршницата.

Според официјалната статистика, Карајованова оствари „дабл-дабл“ учинок со 13 поени и 11 скока, Трајковска постигна 11 поени, а Пислевска натпреварот го заврши со 9 поени.

Двата контролни натпревари во Ботевград беа дел од подготовките на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 31 јули до 9 август ќе се одржи во Тулчеа, Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот