Фото: Атлетска Федерација на Македонија

Сребрен медал за македонската штафета на Балканското првенство во Крајова

Нов младински национален рекорд и сребрен медал за македонската штафета. Македонската женска штафета на 4х100 метри за младинки до 20 години испиша нова страница во историјата на македонската атлетика.

На Балканското првенство, кое се одржа во Крајова, Романија, нашите репрезентативки поставија нов младински национален рекорд.

Со време од 48,95 секунди, нашата штафета го подобри досегашниот рекорд поставен во 1999 година за 0,03 секунди.

Со овој извонреден настап, македонската штафета во состав Ева Митевска, Тамара Атанасовска, Лина Исени и Марта Димковска го освои сребрениот медал.

Фото: Атлетска Федерација на Македонија

На Балканското првенство нов младински национален рекорд во скок во далечина постави Брајан Авија. Тој постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со резултат од 7,15 метри, подобрувајќи го сопствениот рекорд за четири сантиметри, кој го постави пред само неколку недели.

Со овој резултат, Авија го освои шестото место во силна балканска конкуренција и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма. Само неколку недели претходно, на Националното првенство за сениори, Авија прескокна 7,20 метри, но резултатот не можеше да биде признаен како рекорд поради недозволен ветер. Во Крајова, со регуларен настап, тој заслужено го запиша своето име во листата на национални рекордери.

Фото: Атлетска Федерација на Македонија

Иван Поповски постави нов личен рекорд во скок во височина со 1.91 метар, со што го освои деветтото место. На 100 метри, Ева Митевска постави нов личен рекорд од 12,40 секунди и го освои 11 место, додека Тамара Атанасовска со нов личен рекорд од 12,63 секунди се пласираше на 13 место.

Марта Димковска го освои 10 место на 400 метри со време од 59,84 секунди, а Лина Исени се пласираше на 12 место во скок во далечина со резултат од 5,23 метри. Во машката конкуренција на 100 метри, Димитар Корчаковски не ја заврши трката поради неуспешен старт, додека Марко Алексовски беше принуден да го откаже настапот поради повреда здобиена за време на загревањето.

Репрезентацијата беше предводена од тренерите Ѓорѓи Вучков и Божурка Ѓошевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот