Линда Носкова/Wimbledon

ВИДЕО | Носкова победи во чешкото финале и за првпат во кариерата го освои Вимблдон

Линда Носкова испиша нова страница во својата кариера, откако ја освои титулата на Вимблдон победувајќи ја сонародничката Каролина Мухова со 2-1 во сетови (6-2, 5-7, 6-3).

Во финалето кое траеше два часа и 29 минути, младата чешка тенисерка прикажа зрела и сигурна игра, надминувајќи го падот во вториот сет за на крајот да стигне до својот прв грен-слем трофеј.

Носкова одлично го отвори мечот, наметнувајќи силно темпо со агресивни удари и сигурни ритерни. Таквата игра ѝ донесе убедлива предност, па првиот сет го освои со 6:2 за само 32 минути.

Во вториот сет изгледаше дека победникот е веќе решен кога Носкова поведе со 5:2. Сепак, Мухова не се предаде и со серија одлични гемови успеа да се врати во игра. Таа спаси вкупно четири меч-топки, направи пресврт и со пет последователно освоени гема го доби сетот со 7:5, израмнувајќи на 1:1.

Иако многумина очекуваа психолошки пад на Носкова, младата Чехинка одговори на најдобар можен начин. Уште во вториот гем од решавачкиот сет направи брејк, а потоа без поголеми проблеми ја зачува предноста и со 6:3 ја завери најголемата победа во својата досегашна кариера.

Со триумфот во Лондон, Носкова за првпат се искачи на грен-слем тронот и го освои најзначајниот трофеј во својата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот