Репрезентативецот на Јужна Африка се самоубил?
Веста за ненадејната смрт на јужноафриканскиот фудбалер Џејден Адамс го погоди спортскиот свет. Сè уште нема официјална потврда за причината за смртта на 25-годишниот играч, кој неодамна ја претставуваше Јужна Африка на Светското првенство.
Препорачано
Адамс настапи на три натпревари во групната фаза на Мундијалот, а информацијата за неговата смрт ги шокираше неговите соиграчи, навивачите и фудбалската јавност.
Додека се очекуваат официјални детали, во јавноста почнаа да се појавуваат различни шпекулации за можната причина за трагедијата. Јужноафриканскиот медиум „Сандеј Ворлд“ објави информации според кои се вели дека Адамс самиот си го одзел животот во својот дом во Стеленбош.
Медиумот потсетува и дека пред две недели 25-годишниот фудбалер се соочил со голема семејна загуба, откако ја загубил својата 72-годишна баба Маријана Адамс, само ден пред натпреварот на репрезентацијата на Јужна Африка против Чешка на стадионот во Атланта.
Дел од медиумите објавија и непотврдени информации дека труење со храна можело да биде причина за смртта, но засега официјална потврда за ниту една од овие информации нема.
По повод трагичната вест се огласи и Фудбалската федерација на Јужна Африка, која изрази сочувство до семејството на починатиот фудбалер.
Трагедија во Јужна Африка – почина фудбалер кој настапи на Мундијалот


