Паднато дрво во Ѓорче Петров / Фото: Фејсбук

ФОТО | Падна дрво во Ѓорче Петров за кое жителите цела година барале од Општината да го отстрани

Во фејсбук-групата „Ѓорче Петров – пријави проблем“, жител на општината објави слика од огромно паднато дрво, за кое посочи дека цела година барале Општината да го отстрани и да ја оттргне опасноста која, за жал, денеска ја има предизвикано за минувачите.

-Цела година пријавуваме да се исече ова дрво. Еднаш само дојдоа едни две жени на увид и место да реагираат, тие се караа со станарите од зградата зошто сме пријавиле да се сече дрвото. Среќа нема повредени. Луѓето што го сечеа паднатово дрво креваа раце кога реагиравме барем некоја гранка да се исече што виси – напиша станар во објава на социјалните мрежи.

Според фотографијата, паднатото дрво за среќа само „дотолчило“ едно хаварисано возило и немало повредени.

Жителот додаде дека има уште едно дрво кое се наоѓа во непосредна близина на паднатото, за кое посочи дека во најбрзо време треба да се отстрани за да не направи поголема штета и да падне врз некој автомобил или да повреди некој човек.

Паднато дрво во Ѓорче Петров / Фото: Фејсбук

-Следно е другово дрво на неколку метри од ова што е паднато. Дали ќе дозволите и тоа да падне врз некој автомобил или не дај Боже врз некој човек? – прашува жителот на Ѓорче Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот