ВИДЕО | Паника во авион од Солун — се скршил прозорец во кабината, повреден е патник
Драматични сцени се случиле утрово во авион на „Рајанер“ кој летал од Солун кон Минхен, откако се скршил прозорец во кабината, а еден патник бил повлечен кон отворот од силното струење на воздухот, објави „Прототема“.
Препорачано
Патникот бил спасен во последен момент благодарение на неговата сопруга, која седела до него и го држела за нозете. Со помош на неколку патници, успеале да го вратат назад во кабината.
Патничка подоцна раскажала дека за време на летот се слушнал силен звук, по што еден од прозорците на авионот се скршил.
Според нејзиното сведоштво, во авионот настанала декомпресија и маските за кислород паднале од таванот, а луѓето во авионот се обидувале да му помогнат на 61-годишниот патник, за кого се претпоставува дека е српски државјанин.
BREAKING: Ryanair passenger reportedly saved from being sucked out the cabin after window fails during a flight from Thessaloniki to Memmingen.
According to local media Ryanair flight FR1879, a Boeing 737-8AS, returned safely to Greece on Friday after part of a damaged engine… pic.twitter.com/YPgRodjPFp
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 10, 2026
Пилотот го сменил курсот и авионот се вратил на аеродромот „Македонија“ во Солун.
Повредениот патник бил пренесен со возило на итната медицинска помош во болницата „АХЕПА“ со повреда на вратот. Според грчките медиуми, во болница била пренесена и бремена жена од истиот лет, која по преглед била пуштена дома.
Претседателот на Панхеленската федерација на вработени во јавните болници (ПОЕДИН), Михаилис Јанакос, оцени дека „за влакно била избегната трагедија“.
„Тој е во шок, но е свесен и има изгореници предизвикани од триење. Во тек се медицински прегледи“, изјави Јанакос.
Жената која била на летот рече дека во авионот настанала паника со врескање и со плачење.
„Во еден момент помислив дека некој случајно ја отворил вратата за итни случаи. Стјуардесите беа во шок. Сите веднаш ги ставивме маските. Се чинеше како да помина многу долго време бидејќи не разбравме што се случува. За среќа, патникот не го имаше извадено појасот. Главата му беше целосно надвор од авионот. Луѓето кои седеа до него го влечеа назад. Дојдоа и неколку лекари да помогнат“, опиша таа.
ВИДЕО | Грчки „Ф-16“ принудно слета на Закинтос, а потоа се запали


