Машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија ќе настапи на Балканското првенство во Солун
По повеќе од 14 години, машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија повторно ќе настапи на официјално меѓународно првенство, известуваат од Националната пливачка федерација. Во периодот од 16 до 19 јули, нашите млади ватерполисти ќе ја претставуваат државата на Балканското првенство во Солун, Грција. Овој настап има историско значење бидејќи претставува враќање на македонското ватерполо на …

