Фото: Архива на „Слободен печат“
Фото: Архива на „Слободен печат“

„Трипати се онесвести додека висеше низ авионот“ – се огласи сопругата на Србинот кој за малку не излета низ авионски прозорец

Мојот сопруг седеше до прозорецот. Беше врзан со сигурносен ремен, но половина од неговото тело заврши надвор од авионот. Маските паднаа, никој не можеше ништо да направи, изјави сопругата на 61-годишниот српски државјанин кој во текот на лет на компанијата „Рајанер“ за малку не излета од авионскиот прозорец. Инцидентот се случи откако дел од моторот се одвоил, а неговите делови разбија еден од прозорците во авионот. Беше објавена и фотографија од патникот кој сега е хоспитализиран во болница во Солун и е надвор од животна опасност.

Целата стресна ситуација почна кога во воздух дошло до расипување на моторот. Авионот полета од Солун за Минхен 40 минути пред да се случи инцидентот. Патниците најнапред слушнале силен тресок, после што пукнал прозорецот а еден од патниците почнал борба за живот. Откако се одвоил дел од моторот, неговите фрагменти го искршиле прозорецот. Поради големата разлика во притисокот, се создала силна вшмукувачка сила која го вовлече патникот од седиштето низ прозорецот со половина од телото надвор од авионот.

Сопругата на патникот што седела до него, во емисијата „Лајв њуз“ изјави дека таа и уште двајца патници успеале да го задржат и да го вратат назад во кабината.

Тројцата го влечевме назад во авионот. Сите плачеа, настана паника. Маж ми трипати се онесвести, рече таа.

На снимките што ги направија некои од патниците со телефоните, се гледа како во тие драматични моменти се обидуваат да си помогнат еден на друг. Пилотот постапил според процедурите и веднаш побарал дозвола за принудно слетување на аеродромот „Македонија“ во Солун додека членовите на кабинскиот екипаж се обидувале да ја смират паниката која владеела во авионот. Авионот безбедно слета во Солун а патниците се евакуирани. Патникот што беше повреден, и кој до половина излета низ прозорецот, како и луѓето што му помагаа да преживее, се пренесени во болница. Тој седел на местото 11Ф.

-Авионот нагло губеше висина. Сите бевме убедени дека паѓаме. После тоа човекот повеќе пати се онесвести. Главата му беше крвава од стаклото што се разлета кога испука прозорецот, ја опишува застрашувачката сцена патничка.

 

ВИДЕО | Паника во авион од Солун — се скршил прозорец во кабината, повреден е патник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот