Микел Мерино/EPA/CHRISTOPHER TORRES

Шпанскиот херој за девет минути во два натпревари постигна два победнички гола со само два удари

Шпанија продолжи да сонува светска титула, откако со победата над Белгија обезбеди место меѓу четирите најдобри селекции на Мундијалот. „Црвената фурија“ за првпат по 16 години ќе игра во полуфинале на Светско првенство.

Човек на одлука повторно беше Микел Мерино. Фудбалерот на Арсенал влезе во игра во 86. минута како замена за Дани Олмо, а само две минути подоцна го постигна победничкиот гол, и тоа по својот втор контакт со топката, слично како против Португалија во осминафиналето кога исто така беше херој со влегување од клупата.

Во овие две средби на теренот мина вкупно само девет минути, доби четири дуели, имаше два контакта во противничкиот шеснаесетник, упати два шута и двата ги претвори во голови, потврдувајќи дека максимално ја користи секоја минута што ја добива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот