Ламин Јамал/EPA/SCOTT STRAZZANTE

Јамал: Ако Франција треба да се плаши од некого, тоа сме ние

Со триумфот на Шпанија над Белгија (2:1) стана познат првиот полуфинален пар на Светското првенство. Во вторник од 21 часот силите ќе ги одмерат Франција и Шпанија, во уште едно големо европско дерби.

Ова ќе биде ново поглавје во ривалството на двете селекции, кои трета година по ред се среќаваат во елиминациска фаза на големо натпреварување. По полуфиналето на Европското првенство во 2024 и минатогодишната пресметка во Лигата на нации, Шпанците повторно ќе се соочат со Французите, а во двата претходни дуели славеше „црвената фурија“.

Во пресрет на натпреварот, Ламин Јамал испрати порака полна со самодоверба, истакнувајќи дека причината за загриженост треба да биде на спротивната страна.

„Мислам дека ако Франција треба да се плаши од некого, тоа сме ние, бидејќи ние сме тие што ги нокаутиравме. Не чувствуваме никаков страв од нив. Никој не е подобар од нас кога игра отворено, сите се повлекуваат“, изјави Јамал.

Фудбалерот на Барселона беше еден од најзаслужните за претходните две победи на Шпанија над Франција, постигнувајќи по еден гол на секој од тие натпревари. Дополнителен мотив пред полуфиналето му носи и признанието за најдобар играч на четвртфиналниот дуел против Белгија, кое уште повеќе ја потврдува неговата одлична форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот