По примерот на Брансон, Вембањама е подготвен да загуби милиони за иднината на Спарс
Сан Антонио Спарс веќе го знаат патот до финалето во НБА, откако оваа сезона ја освоија титулата во Западната конференција.
Препорачано
Следниот чекор е освојување на шампионската титула, но задачата да се задржи одличниот тим на долг период сега ќе биде значително потешка поради новите финансиски ограничувања во лигата.
Со Виктор Вембањама, Стефон Касл и Дилан Харпер, кои сè уште се на своите дебитантски договори, наскоро ќе дојде моментот кога Спарс ќе мора соодветно да ги наградат со нови, големи договори.
Сепак, според новинарот Џејк Фишер, најголемата ѕвезда на тимот, кој прв ќе добие понуда за продолжување на соработката, е подготвен да направи голема жртва за тимот.
There has been word this morning in Las Vegas that Victor Wembanyama is considering signing less than his maximum rookie scale extension to provide San Antonio greater financial flexibility.
More NBA from @TheSteinLine here: https://t.co/l3vrOMLRVP https://t.co/9gjwvzMeOA
— Jake Fischer (@JakeLFischer) July 10, 2026
Како што тврди Фишер, Вембањама е подготвен да прифати помала сума од проектираниот максимален петгодишен дебитантски договор вреден 251 милион долари, за да потпише подоговор кој ќе биде поповолен за тимот.
Францускиот центар со тоа сака да му даде поголема финансиска флексибилност на клубот, како и повеќе простор на управата на Спарс за во иднина да има можност да доведува квалитетни играчи и да го гради тимот околу него.
Последната голема ѕвезда во НБА, која направи сличен потег беше Џејлен Брансон. Тој прифати договор со кој заработи значително помалку од она што можеше да го добие, со цел да им помогне на Њујорк Никс да изградат конкурентен тим.
На крајот, неговата одлука се исплатеше, оваа сезона Брансон успеа да ја освои шампионската титула, прва за Никс по пауза од 53 години.
ВИДЕО | Дончиќ убеди соиграч од Лејкерс да игра за Словенија


