Лука Дончиќ/EPA/CAROLINE BREHMAN

ВИДЕО | Дончиќ убеди соиграч од Лејкерс да игра за Словенија

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, доби словенечки пасош и ќе има можност да настапи за Словенија на Светското првенство следната година.

Кошаркарот потврди дека процедурата е завршена, а како клучна фигура во целиот процес го посочи Лука Дончиќ.

„Пасошот е веќе кај мене. Лука постојано ме нарекува негов словенечки брат“, изјави Хејс.

На прашањето дали зборува словенечки, тој одговори:

„Не баш… знам неколку зборови, но не би ги кажал тука.“

Хејс, кој беше осми пик на драфтот во 2019 година, оваа сезона бележи просек од 7,5 поени и 4,5 скокови за околу 18 минути по натпревар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот