Ентони Хопкинс / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Ентони Хопкинс ја објави својата прва песна на 88 години: „Музиката беше мојата прва љубов“

Легендарниот британски актер Ентони Хопкинс ја објави својата прва авторска песна, со што официјално ја започна и својата музичка кариера. На 21 август ќе биде објавен неговиот деби-албум „Life is a Dream“, кој содржи композиции што ги создавал во текот на изминатите шест децении.

Првиот сингл, „Bracken Road“, беше објавен во петокот и е инспириран од спомените од неговото детство во Маргам, во јужен Велс. Композицијата ги доловува улиците, ливадите, обработливите полиња и планините што го опкружувале неговиот семеен дом во 1940-тите.

Хопкинс, добитник на два Оскар за улогите во филмовите „Кога јагнињата ќе стивнат“ (The Silence of the Lambs) и „Таткото“ (The Father), вели дека музиката отсекогаш била неговата најголема желба.

„Музиката беше мојата прва желба, мојот прв сон. Целиот живот компонирам музика. Некои од овие композиции се со мене со децении и сè уште им се навраќам. Целиот мој живот е сон. Потпишувањето договор со ‘Дека’ е чест за целиот живот“, изјави Хопкинс.

Албумот ќе биде објавен под етикетата „Дека класикс“, а неговите композиции ги изведуваат Филхармонискиот оркестар и диригентот добитник на Греми, Густаво Дудамел, заедно со виолончелистот Грегорио Нието и пијанистот Серхио Тиемпо.

Хопкинс, кој е роден во Порт Талбот, почнал да компонира уште како дете, а пијано свири од својата четврта година.

„Беше вистинска привилегија да соработувам со извонредниот Филхармониски оркестар и врвните солисти. Моја најдлабока благодарност му припаѓа на маестро Густаво Дудамел, чија уметност е составен дел од ова музичко патување. Со прецизноста на неговата палка, секоја нота доби длабоко и незаборавно значење, создавајќи музички пејзаж што го повикува слушателот да почувствува и замисли нешто сосема лично“, рече актерот.

Композицијата „Bracken Road“ ја напишал уште во 1963 година, кога бил млад актер во театарот „Ливерпул плејхаус“. На албумот се наоѓа и композицијата „My Fatherland“, посветена на Велс и неговото потекло.

„Ја напишав за да им оддадам почит на моите скромни почетоци. Јас сум син на мојот татко, пекарот“, изјави Хопкинс.

И другите композиции на албумот се инспирирани од неговите сеќавања на Порт Талбот, посетите кај дедо му, киното што ја разбудило неговата имагинација и луѓето кои оставиле најголемо влијание врз неговиот живот.

Албумот „Life Is a Dream“ ќе биде објавен на 21 август.

Не трошете време залудно – цитатот на Ентони Хопкинс ќе ви заштеди многу енергија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот