Франциај/EPA/SARAH YENESEL

Девојка загина во Франција за време на прославата по победата над Мароко

Прославата на пласманот на Франција во полуфиналето на Светското првенство заврши трагично, откако 17-годишно девојче го загуби животот во местото Оноа-Емери, на северот од земјата.

Според информациите на француските медиуми, девојката се качила на задниот дел од камион за време на славјето по победата на „триколорите“ над Мароко со 2-0. Во еден момент таа паднала од возилото и била прегазена.

ВИДЕО | Мундијалски вести: француската машина продолжува да меле – има ли кој да ги запре „триколорите“?

Екипите на итната помош веднаш интервенирале, но лекарите само ја констатирале смртта на девојката.

Надлежните органи отворија истрага за околностите под кои се случила несреќата.

Француската репрезентација со победата над Мароко обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство, но големата радост беше засенета од оваа трагедија.

Венгер: Франција ќе го освои Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот