Арсен Венгер/фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Венгер: Франција ќе го освои Мундијалот

Арсен Венгер верува дека Франција ќе го освои Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал смета дека „триколорите“ имаат сè што е потребно за да стигнат до трофејот, по поразот во финалето на Мундијалот во Катар пред четири години.

Венгер нагласува дека неговата прогноза не е поради тоа што е Французин, туку поради анализата на квалитетот и начинот на кој тимовите играат на турнирот.

„Франција ќе го освои Светското првенство. Знам дека ќе кажете дека тоа го велам затоа што сум Французин, но не е така. Кога го анализирате Мундијалот, гледате кој може да го следи темпото и интензитетот на натпреварите. Франција има квалитет да игра на највисоко ниво“, изјави Венгер.

ВИДЕО | Мундијалски вести: француската машина продолжува да меле – има ли кој да ги запре „триколорите“?

Сепак, поранешниот стратег на Арсенал смета дека постои една репрезентација која може сериозно да им се спротивстави на Мбапе и соиграчите.

„Ако некој може да ја победи Франција, тоа е Шпанија. Нивното техничко ниво е можеби и повисоко, а начинот на кој ја контролираат играта може да биде голем предизвик за секој противник“, додаде Венгер.

Така, според легендарниот тренер, Франција е главниот фаворит за светската круна, но Шпанија останува тимот кој има најголеми шанси да ја наруши шампионската визија на „триколорите“.

Ново историско достигнување за Франција по победата над Мароко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот