Дамјан и Војдан Стојановски Фото: МЗТ Скопје

Браќата Стојановски не мрдаат од Аеродром

МЗТ Скопје продолжува да го гради тимот за новата сезона. Аеродромци ја продолжија соработката со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои остануваат дел од клубот и во следниот период.

Двајцата искусни репрезентативци се меѓу најважните фигури во историјата на МЗТ Скопје, а нивното останување носи квалитет, лидерство и големо искуство пред предизвиците на домашната, регионалната и европската сцена.

За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес. Тој ќе атакува на нова шампионска титула со клубот со кој ги освои сите досегашни трофеи во домашното првенство. Војдан, пак, ќе ја започне шестата сезона во МЗТ Скопје, откако пристигна во 2022 година.

Со задржувањето на браќата Стојановски, МЗТ во своите редови го врати Лука Стојановски, а беше ангажиран и босанскиот центар Емир Крајиниќ.

Аеродромци следната сезона ќе настапуваат во домашната Суперлига, АБА2 лигата и групната фаза од ФИБА Еврокупот.

МЗТ Скопје се засили со центар од БиХ

МЗТ Скопје по повеќе од две децении се враќа во Еврокупот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот