Фото: МЗТ Скопје

МЗТ Скопје се засили со центар од БиХ

МЗТ Скопје го официјализираше ангажманот на босанскиот центар Емир Крајиниќ, кој е првото странско засилување на македонскиот шампион ова лето.

Станува збор за 24-годишен кошаркар висок 208 сантиметри, кој пристигнува од словенечки Златорог Лашко, каде минатата сезона просечно бележеше 12,5 поени и 7,1 скок по натпревар. Претходно настапуваше за Слобода Тузла и Промо.

Крајиниќ е второто летно засилување за „аеродромци“, по враќањето на Лука Стојановски, и ќе биде дел од тимот што во сезоната 2026/27 ќе се натпреварува во домашното првенство, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот.

Македонски репрезентативец потпиша за МЗТ Скопје

МЗТ Скопје по повеќе од две децении се враќа во Еврокупот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот