Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Колина: Никој, дури ни Инфантино, не влијае врз судиите

Судиите на Светското првенство повторно се најдоа во центарот на вниманието по контроверзните одлуки на турнирот, а критиките кон судиската организација на ФИФА стануваат сè погласни. Повод за новата дебата беше поништената суспензија на Фоларин Балогун по црвениот картон, но и случувањата на натпреварот меѓу Аргентина и Египет.

Египќаните сметаат дека биле сериозно оштетени, особено поради поништениот погодок по акција што започна со прекршок врз Лисандро Мартинез, како и поради ситуацијата во самиот финиш кога, според нив, не беше санкционирано газењето врз Мохамед Салах непосредно пред Аргентина да го постигне победничкиот гол.

Девојката на Ерлинг Халанд откри како почнала нивната љубов: „Прво ми се допаѓаше неговиот најдобар другар“

По бројните реакции, се огласи претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, кој категорично ги отфрли сите сомнежи за надворешно влијание врз арбитрите.

„Ги почитуваме конструктивните дискусии, но не и неоснованите обвинувања. Никој не може да го доведе во прашање нашиот интегритет. Исто така, никој не може да тврди дека некој влијае врз работата на судиската организација на ФИФА, дури ни претседателот Џани Инфантино. Имаме негова целосна поддршка и доверба дека ја извршуваме нашата работа независно. Судиите на Светското првенство ги носат своите одлуки чесно и секогаш го даваат својот максимум“, изјави Колина.

Неговата изјава доаѓа во момент кога јавноста сè погласно бара поголема транспарентност во судењето и појасни објаснувања за одлуките што предизвикуваат контроверзии на најголемата светска фудбалска сцена.

Мурињо без влакна на јазикот по натпреварот меѓу Аргентина и Египет: Срамота е во што се претвора фудбалот, ова е грабеж!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот