Богдан Богдановиќ/фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

ВИДЕО | Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА

Богдан Богдановиќ е нов кошаркар на Хјустон рокетс, српскиот репрезентативец потпиша договор со тимот од Тексас како слободен играч.

Хјустон ангажманот на Богдановиќ го потврди преку социјалните мрежи каде што објави и видео од неговите најдобри потези во најсилната кошаркарска лига.

„Кошевите на Боги пристигнуваат во Хјустон“, напишаа од клубот покрај видеото.

Во компилацијата се прикажани неговите препознатливи шутеви за три поени, атрактивни потези и насмевката по која е познат, што предизвика бројни позитивни реакции кај навивачите.

Во коментарите, поддржувачите на Рокетс изразија задоволство од новото засилување, оценувајќи дека тимот конечно добива сигурен и проверен шутер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Houston Rockets (@houstonrockets)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот