Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Парагвајци запалија кукла со ликот на Мбапе

Тензиите по осминафиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Парагвај сè уште не стивнуваат, а француските медиуми известуваат за скандалозен инцидент во кој во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе.

Според информациите парагвајските навивачи за време на традиционалниот фестивал „Сан Хуан Ара“ запалиле голема импровизирана кукла со ликот на Мбапе, што предизвика бурни реакции и осуди на социјалните мрежи.

По елиминацијата од Франција во осминафиналето, очигледно е дека дел од навивачите тешко го прифатиле поразот, а Мбапе, како лидер на француската репрезентација, станал главна мета на нивното незадоволство.

Инцидентот дополнително ја разгоре атмосферата, особено по претходните расистички изјави на една парагвајска сенаторка упатени кон францускиот напаѓач, што предизвика реакции и надвор од спортските кругови.

Почнува четвртфиналето на Мундијалот: Мароко сонува одмазда против моќната Франција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот