Синот на Роналдо може да избира помеѓу пет репрезентации, една беше голем хит на Мундијалот
Кристијано Роналдо сè уште настапува на највисоко ниво, но полека внимание привлекува и неговиот син Кристијано Роналдо Јуниор, чија репрезентативна иднина би можела да биде една од најинтересните фудбалски приказни во наредните години.
Препорачано
Младиот Роналдо веќе настапуваше за младинските селекции на Португалија, но според правилата на ФИФА сè уште не е трајно врзан за португалската репрезентација. Тоа значи дека, доколку ги исполни условите за настап во сениорска конкуренција, ќе може да избира меѓу дури пет национални тимови.
Освен за Португалија, за чиј дрес веќе играше во помладите категории, Роналдо Јуниор во иднина би можел да настапува и за Шпанија, САД, Англија или Зеленортските Острови.
¡PORTUGAL EN ALERTA! Cristiano Ronaldo Jr. todavía puede representar a OTRA selección. 😳🇵🇹
Mientras la histórica etapa de Cristiano Ronaldo con Portugal se acerca a su desenlace, comienza a escribirse un nuevo capítulo: el futuro internacional de su hijo.
Aunque Cristiano… pic.twitter.com/WAIIejEGQy
— Motivaciones Fútbol (@MotivacionesF) July 9, 2026
Очекувано, Португалија е најголем фаворит да го задржи талентираниот фудбалер, особено ако се земе предвид наследството на неговиот татко кој е најдобар стрелец во историјата на португалската репрезентација и еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Сепак, интересна улога во целата приказна би можел да има и Фудбалскиот сојуз на Зеленортски Острови. Роналдо Јуниор има право да ја претставува оваа африканска држава преку семејното потекло, бидејќи семејството на неговата баба по таткова линија потекнува од оваа островска земја.
Според португалските и африканските медиуми, во Зеленортски Острови внимателно го следат развојот на младиот Роналдо и не ја кријат желбата еден ден да го видат во дресот на својата репрезентација, сепак јасно дека во овој момент такво сценарио не изгледа реално дека може да се случи.
ВИДЕО | Француски новинари се степаа за место на прес-конференцијата на Брахим Дијаз
Maроко не се плаши од Франција: „Дојдовме тука за да станеме светски шампиони“


