Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска

ФОТО | По свадбата во Скопје — Столе Димитриевски и сопругата Ирина уживаат на меден месец во Палермо

По раскошната свадбена прослава што ја организираа на крајот на јуни во Скопје, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговата сопруга Ирина заминаа на меден месец во Палермо, Италија.

За своето свадбено патување тие ја избраа сицилијанската престолнина, каде што престојуваат во луксузниот хотел „Вила Иџеа“, сместен покрај морскиот брег и познат по панорамскиот поглед.

Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска

Освен што уживаат во одморот, го истражуваат и Палермо. Посетија музеи, историски вили стари неколку века и прошетаа низ градските знаменитости, а Ирина дел од атмосферата сподели и со своите следбеници на Инстаграм.

„На меден месец“, напиша таа покрај серијата фотографии, кои предизвикаа бројни позитивни реакции и комплименти.

Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска
Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска
Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска
Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска
Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска
Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска
Фото: Инстаграм/Ирина Димитриевска

Да потсетиме, Столе и Ирина стапија во брак во ноември 2025 година во Шпанија. По завршувањето на клупската сезона и репрезентативните обврски на голманот, на крајот на јуни организираа и голема свадбена прослава во Скопје. Двојката најпрво се венча во црква, а потоа прослави со семејството, пријателите и бројни гости, меѓу кои имаше и сегашни и поранешни македонски репрезентативци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот