ФОТО+ВИДЕО | „Не е потребен ДНК тест“: Русинка и Американка станаа хит поради сличноста со Халанд, дури и фудбалерот се огласи
Ерлинг Халанд деновиве доминира на насловните страници благодарение на одличните настапи на Светското првенство во фудбал, но социјалните мрежи ги освои една сосема друга личност. Станува збор за 24-годишната Русинка Анастасија Костромитина од Москва, која има необична физичка сличност со норвешката фудбалска ѕвезда.
Препорачано
View this post on Instagram
Видеото објавено од нејзината мајка собра повеќе од четири милиони прегледи за само неколку дена, а откако се прошири и на другите платформи, вкупната гледаност порасна на десетици милиони. Доволно е да се погледнат само неколку секунди за да стане јасно зошто споредбите го преплавија интернетот.
Сè започнало како шега
Мајката на Анастасија објавила видео во кое нејзината ќерка ги имитира карактеристичните изрази на лицето, позите и прославите на головите на Халанд. Видеото брзо станало вирално, а коментарите не престанувале.
Некои се пошегувале дека Халанд и Анастасија можеби се и роднини, додека други напишале дека „не е потребен ДНК тест“. Многумина истакнале дека ги поврзува долгата руса коса, сино-сивите очи, острите црти на лицето и карактеристичниот сериозен поглед.
На почетокот не била среќна
Анастасија признава дека на почетокот споредбите воопшто не ѝ биле симпатични.
„Поминав низ сите фази на негирање. На почетокот не разбирав како луѓето мислат дека личам на Халанд. Искрено, дури и малку се навредив“, рекла таа.
Сепак, со текот на времето, го променила мислењето.
„Денес мислам дека воопшто не е лошо да личиш на толку успешен спортист. Затоа одлучив да ја прифатам шегата и да се забавувам со неа.“
Анастасија додала и дека негативните коментари повеќе не ѝ пречат.
„Кога се појавија мразачите (хејтерите), сфатив дека видеото навистина станало вирално. Искрено, има многу повеќе позитивни коментари, а овие негативни само го зголемуваат досегот.“
View this post on Instagram
Работи за познати глобални брендови
Анастасија е професионален модел и соработувала со брендови како што се „Кларинс“, „Дисон“, „Јуникло“ и „Ламод“. Таа вели дека луѓето првпат ѝ рекле дека личи на Халанд пред околу четири години, но дури сега, благодарение на Светското првенство и брилијантните настапи на Норвежанецот, споредбата станала вирална.
Судејќи според реакциите на социјалните мрежи, многумина веруваат дека ова е еден од најубедливите спортски „двојници“ што се појавиле во последните години. А кога ќе го погледнете видеото, лесно е да се види зошто.
Русинката Анастасија не е единствената што ја споредуваат со Халанд. И американската инфлуенсерка Ема Кејт Вилман стана вистинска интернет сензација откако обожавателите ја забележаа нејзината необична сличност со познатиот фудбалер Ерлинг Халанд.
Навидум сосема обично видео во кое Ема покажува техника на француски плетенки се претвори во урнебесна тема за која наголемо се зборува.
Наместо вниманието насочено кон туторијалот за коса, коментарите биле исполнети со пораки за нејзината неверојатна физичка сличност со норвешката машина за голови. Со повеќе од 27 милиони прегледи, клипот стана хит на социјалните мрежи, а бројот на следбеници на нејзиниот профил скокна за неколку илјади.
View this post on Instagram
Целата приказна доби нова димензија кога во коментарите се огласи и самиот Халанд, испраќајќи краток поздрав со палец нагоре (лајк), со што дополнително потврди дека е запознаен со шегата. Иако Ема со смеење вели дека би претпочитала да ја споредуваат со популарни пејачки како Зара Ларсон, таа признава дека оваа ситуација ѝ донела голема популарност на нејзината работа.
Обожавателите продолжиле да редат креативни шеги нарекувајќи ја „изгубената сестра на Халанд“, додека некои коментирале дека го гледаат неговото лице каде и да се свртат.
View this post on Instagram
Иако оваа инфлуенсерка од Чарлстон посакувала поинаков вид препознатливост, судбината сакала таа да стане најпознатата женска верзија на еден од најдобрите напаѓачи во светот. Ваквите моменти покажуваат колку брзо интернетот може да го претвори секојдневниот живот во глобален феномен.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Халанд ги превесла „кариоките“, Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“


