Морал да се удира по брадата за да не пелтечи: Индиец раскажа инспиративна приказна за Слаткаристика
„Ти не ја избираш играта. Играта те избира тебе. И таа игра те тестира колку си издржлив.“
Со овие зборови, познатиот светски патник од Индија и раскажувач од Инстаграм страницата „Steering Story“, човек кој пропатувал 60 земји, поминал 74.000 километри во 330 дена со цел да раскажува приказни за големи луѓе, ја започнува инспиративната приказна за македонскиот рапер Марко Маринковиќ – Слаткаристика.
Ова не е само приказна за музички успех, ова е приказна за борбата со самиот себе, за претворањето на недостатокот во дисциплина и за суровата реалност на успехот.
Слаткаристика е рапер кој почнал да се занимава со хип-хоп за да го надмине своето пелтечење. Неговиот проблем со говорот бил толку изразен, што тој морал буквално да се удира по брадата за да ги изговори зборовите правилно.
Во видеото на „Steering Story“, авторот ја охрабрува неговата животна филозофија.
„Ова е приказна за еден рапер од Македонија, кој се вика Слаткаристика. Рапер кој рапуваше за да го надмине своето пелтечење. Тој пелтечеше толку лошо, што мораше да се удира по брадата за да ги изговори зборовите правилно.
Тој рече, а јас парафразирам: ‘Ти не ја избираш играта. Играта те избира тебе. И играта те тестира колку си издржлив.’ Животот не те прашува: ‘Што сакаш?’. Животот ти кажува од што не треба да избегаш. Животот те става во ситуација каде што се соочуваш лице в лице со внатрешната сила која ја имаш, а за која не си ни знаел. Ако нешто постојано те влече назад, дури и кога чувствуваш дека си лош во тоа, или ти се исмеваат поради тоа, или се плашиш од тоа — тоа не е хоби. Тоа е повик.
Раперот не го излечи своето пелтечење. Тој го надмина (го претрча). Тој гест на удирање по брадата, овој овде, тоа не е срам. Тоа е борба. Тој го претвори дефектот во дисциплина. Играта те тестира за издржливост. На играта не ѝ е грижа за твоите намери, личност или за болката низ која минуваш. Таа само прашува: ‘Ќе останеш ли? Ќе рапуваш ли кога пелтечиш? Ќе настапуваш ли кога луѓето се смеат? Ќе продолжиш ли кога твоето тело те предава?’
Иронично, истиот рапер исто така рече: ‘Нема успех во играта без показатели за успех.’ Ова е реченицата што често навредува многу луѓе. Но, таа е брутално искрена. Она што тој сакаше да го каже е дека не се парите и славата тие што те прават вреден, но ако светот не те признава или не реагира, тогаш сè уште не победуваш во играта. Секоја игра има семафор. Како што бизнисот има пари, уметноста има публика и аплауз, спортот има резултати и статистика, рапот има стримови и признание од публиката. Ако го отфрлиш семафорот, а сепак остануваш во играта, се лажеш себеси. Не си бил создаден за играта. Од друга страна, играта не те избрала тебе, туку ти сè уште се вртиш наоколу. Играта не е само за терапија. Таа е за мајсторство. Можеш да кажеш: ‘Не ми е грижа за парите’-тогаш не играј ја играта на бизнисот. ‘Не ми е грижа за славата’-тогаш не настапувај јавно“, вели Индиецот во оваа инспиративна приказна која е објавена во април, а Слаткар вчера ја сподели.


