Шарлиз Терон на премиерата на „Одисеја“ во Париз / Фото: Laurent VU / Sipa Press / Profimedia

ФОТО | Шарлиз Терон го освои Париз — самоуверено зачекори во сатенски кратки панталони на премиерата на „Одисеја“

Актерката Шарлиз Терон доминираше на премиерата на филмот „Одисеја“ во француската престолнина, каде што им се придружи на ѕвездите Зендаја и Ен Хатавеј.

Нејзиниот изглед беше совршен спој на смелост и софистицираност, привлекувајќи ги сите погледи на настанот што ја собра холивудската елита.

За оваа пригода, актерката избра нетипична интерпретација на класичниот крој. Шарлиз комбинираше бебешко сини сатенски панталони со преголемо црно палто. Носеше бледо жолта кошула под поалтото, оставајќи неколку откопчани копчиња за лежерен, но врвеншик изглед.

Фото: Laurent VU / Sipa Press / Profimedia

Модната комбинација ја комплетираше со нежни сребрени сандали со високи потпетици и елегантни црни очила за сонце. Нејзината нова фризура, руса боб коса со должина до вилицата, дополнително ги нагласи нејзините изразени црти на лицето. Овој моден избор особено ги истакна нејзините неверојатно долги нозе, по кои е позната актерката.

Зад овој изглед стои долгогодишна дисциплина и посветеност на фитнесот. Шарлиз, која беше балерина 12 години, сега ја одржува својата атлетска фигура со комбинација од пилатес, јога и тенис.

Актерката честопати нагласува дека пилатесот го трансформирал нејзиното тело, давајќи ѝ ја силата потребна за тешки акциони улоги во филмови како „Лудиот Макс: Патот на бесот“.

ФОТО | Шарлиз Терон ги „запали“ социјалните мрежи со топлес фотографија пред премиерата на „Одисеја“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот