Положани пред мечот во Гибралтар: Во европските купови нема лесни противници
В четврток од 19.30 часот фудбалскиот клуб Шкендија на гости во Гибралтар на стадионот Викторија ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против составот на Европа.
Препорачано
Своите очекувања за утрешниот дуел на прес-конференција ги сподели тренерот на тетовските „црвено-црни“, Артим Положани:
– Утре започнува нов циклус за нас, ги започнуваме Европските купови, важен циклус. Минатата година клубот постигна извонреден успех во Европа. Но, тој успех сега е минато и секако ќе се обидеме да одиме доста далеку оваа година, бидејќи потенцијалот постои. Мислам дека со максимален пристап и посветеност, од почеток до крај, можеме да одиме далеку. Што се однесува до подготвителната фаза, доста е важно што помина успешно и целата група е комплетирана, така што ќе конкурираат сите што се подготвени за мечот в четврток. Мора да дадеме сè од себе, бидејќи во европските купови нема лесни противници. Играта станува лесна ако дадеме сè од себе, но може да стане и исклучително тешка ако не излеземе 100% фокусирани, прво да размислуваме за првиот натпревар, а потоа и за реваншот. Свесни сме дека нема да биде лесно, но главната цел останува победата – изјави Положани.
Тренерот вели дека Шкендија дефинитивно има информации за противникот:
– Имаме информации, главно од минатото првенство. Станува збор за тим кој има маневрирање во играта, со оглед на тоа што се блиску до земја како Шпанија, што значи дека постои маневрирање. Она што е карактеристично за нив е што на минатото првенство примија само 16 гола, што покажува дека фазата на одбрана е доста солидна. Ако немаме брзи акции, мислам дека ќе ни биде тешко. Во врска со вештачкиот терен, пристапот на сите играчи треба да биде да се адаптираат што е можно побрзо. Не верувам дека ќе биде голем хендикеп ако адаптацијата се направи во рамките на времето на натпреварот. Во нашето првенство нема такви терени, но сè е во главата и во прилагодливоста. Нема да имаме проблем ако влеземе со мислата дека мора да го добиеме натпреварот и со вистински пристап – изјави Положани.


