Фото: EPA/SAM WASSON

Дешан: Мароко не е Парагвај — има одлични индивидуалци, ќе играме против висококласен тим

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешан, одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар од четвртфиналето од Светското првенство во 2026 година против Мароко. Тој призна дека Африканците се висококласен тим, против кој на Французите нема да им биде лесно.

– Мароко не е Парагвај. Ова е многу висококласен тим, кој сака да ја поседува топката и да напаѓа. Ќе мора да бидеме ефикасни во нападот, но и во одбраната. Тоа ќе биде судир на сили – рече Дешан.

Дешан откри дека само Орелиен Чуамени останува под знак прашалник, но „тој се чувствува подобро“ и има шанса да тренира со тимот. Тој исто така потврди дека жолтиот картон на Михаел Олисе останува на сила.

Во врска со судењето, Французинот беше категоричен: „Нашиот противник е Мароко, а не судијата“.

Селекторо увери дека Килијан Мбапе е фокусиран и покрај расистичките навреди:

„Килијан е добро, како и целата група. Тој е подготвен за утре“.

Дешан заврши нагласувајќи ја важноста на тимот: „Тимот е секогаш посилен од поединецот“, нагласувајќи дека тимскиот дух е една од најголемите предности на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот