Фото: ФК Силекс

Васоски: Да оствариме добар резултат против Динамо Минск пред реваншот во Скопје

В четврток со почеток од 19.00 часот ќе се игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА помеѓу екипите на Динамо Минск (Белорусија) и Силекс (Македонија).

Овој меч ќе се игра на неутрален терен во Стара Загора, Бугарија, а реваншот е закажан за 16 јули во Скопје.

Клубот од Кратово веќе е во Стара Загора каде тренираше и играчите предводени од тренерот Александар Васоски се подготвени за предизвикот.

– Секако за нас е огромно задоволство што втора година по ред играме во Конференциска лига. Имаме голема почит за Динамо Минск, екипа која моментно е на првото место во белоруската лига. И екипа која за разлика од нас има 15 натпревари позади себе. Секако, тука доаѓаме со една единствена цел, а тоа е да оствариме добар резултат пред реваншот во Скопје. Имаме свои адути, екипата лани го освои Купот, што значи дека е карактерна, дека има дисциплина, знае да игра и на резултат. Овие натпревари се каде што резултатот треба да биде во прв план. Ќе настојуваме да го поминеме Динамо Минск. Што се однесува до играчкиот кадар, да, имавме сериозни заминувања, особено во напаѓачкиот дел. Но, мислам дека новите играчи одлично се вклопуваат и дека ќе бидат достојна замена за тие што го напуштија клубот, ако не и подобри. Тоа треба брзо да го вклопиме и веќе на утрешниот дуел да се покажеме во добро светло – изјави Васоски.

Минатата сезона, Силекс исто така играше во првото квалификациско коло на Конференциска во кое беше елиминиран од црногорскиот Дечиќ (2:1/0:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот