Фото/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Јанис Андетокумбо сонува да биде тренер во НБА откако ќе ја заврши играчката кариера

Јанис Андетокумбо, веќе размислува за животот по кошарката и откри неколку можни патишта по завршувањето на својата богата играчка кариера.

За време на гостувањето на „Twitch“ кај стримерот Неон, грчкиот кошаркар зборуваше за тоа што би сакал да прави откако ќе се повлече од професионалниот спорт.

„Мислам дека ќе бидам таткото кој останува дома, или ќе станам тренер. Сакам да бидам тренер во НБА“, изјави Андетокумбо.


На прашањето кој тим би сакал да го води доколку сега стане тренер, Јанис го избра Њујорк Никс. Гркот нагласи дека Никс се најдобриот тим во НБА по освојувањето на шампионската титула.

„Или едноставно ќе бидам инвеститор, ќе вложувам во различни работи и ќе заработувам пари“, додаде грчкиот кошаркар.

Андетокумбо зад себе има одлична кариера во НБА, со две МВП награди, титула во НБА и признание за МВП на финалето во 2021 година.

Јанис го избра бројот 7 во Мајами

Се чини дека по трансферот во Мајами Хит, Јанис Адетокунбо ќе ја „остави“ својата легендарна „34“ во Милвоки.

За време на споменатиот пренос на „Twitch“, Јанис навести дека ќе го промени на бројот на дресот, а стримерот Неон очигледно имал големо влијание врз неговата одлука да го избере бројот 7. Последниот играч кој го носеше бројот 7 во Мајами беше Кел’Ел Вејр. Пред него, дел од познатите кошаркари на Хит кои го носеле истиот број беа Горан Драгиќ (2015–2021) и Кајл Лаури (2022–2024).


Преселбата на Јанис во Мајами дојде како дел од една од најголемите размени во НБА во последните години. Според информациите на „NBA.com“, во замена за Андетокумбо и Боби Портис Џуниор, Милвоки Бакс доби пакет составен од Тајлер Хиро, Кел’Ел Вејр, Џејми Џакез Џуниор, Каспарас Јакучионис, 13-тиот пик на драфтот во 2026 година (со кој беше избран Нејт Амент), право на замена на пик од првата рунда во 2030 година, пикови од првата рунда во 2031 и 2033 година, како и пик од втората рунда во 2033 година.

Леброн се враќа во Кливленд? Еден потег на Кавалирс може да открие сè

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот