„Непочитување на чувствата на Полјаците“: Европскиот парламент го осуди Зеленски за потег во спорот со Полска
Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци, пренесува Еуроњуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски е „неиспровоцирана ескалација“, покажал „непочитување кон чувствата и тагата на Полјаците“ и ги „поткопал соседските односи“.
Текстот беше усвоен со 460 гласа „за“, 136 „против“ и 59 „воздржани“.
Зеленски го предизвика дипломатски спор на крајот на мај, кога на една армиска единица ѝ ја додели почесната титула „Херои на УПА“. Титулата е референца за борците на Украинската востаничка армија (УПА), кои Киев ги чествува поради нивниот отпор против советското владеење по Втората светска војна. Меѓутоа, за време на војната, УПА била одговорна за масакри врз десетици илјади Полјаци и Евреи во она што денес е западна Украина.
Полскиот претседател Карол Навроцки подоцна го ескалираше спорот со тоа што му го одзеде на Зеленски највисокото полско државно одликување.
Европскиот парламент соопшти дека одлуката на украинскиот претседател за доделување на титулата не е во согласност со европските вредности. Пратениците на ЕУ повикаа на деескалација и „обновени напори во добра волја насочени кон помирување“.
Зеленски по пошта го врати Орденот на Белиот орел што му го додели Полска


