„Непочитување на чувствата на Полјаците“: Европскиот парламент го осуди Зеленски за потег во спорот со Полска
Европскиот парламент го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговата одлука да именува армиска единица по група од 1940-тите години која извршила масакр врз Полјаци, пренесува Еуроњуз. Во резолуцијата усвоена денеска, пратениците во ЕУ наведоа дека потегот на Зеленски е „неиспровоцирана ескалација“, покажал „непочитување кон чувствата и тагата на Полјаците“ и ги „поткопал соседските односи“. …

