Илустрација/Фото: PxHere

Дали е поздраво да се јаде диња или лубеница на тропските горештини? Еве го одговорот

Пазарите се преполни со сочни лубеници и дињи, омиленото овошје во лето. Губитокот на течности во топлите денови лесно се надоместува благодарение на лубеницата и дињата. Овие сочни и овошја даваат вистинско освежување во летните денови. Вистина е дека и двете спаѓаат во зеленчукот, но поради начинот на кој се консумираат се сметаат за овошје. Содржат висок процент на вода (околу 90 отсто) и мала количина шеќер, па се идеална замена за слатките и се одлични диуретици, а со самото тоа се од голема помош при слабеењето. Благодарение на хидратацијата на телото, тие се важни за здравјето на кожата и косата.

Лубеницата потекнува од тропските области на Африка и припаѓа на семејството тикви. Постојат повеќе видови лубеници: со семки, без семки, црвени, жолти и портокалови.

Црвената боја на лубеницата доаѓа од ликопенот, моќен антиоксидант. Ликопенот е посилен антиоксидант од бета-каротенот. Го намалува ризикот од срцеви заболувања, помага во спречување на макуларна дегенерација, рак на простата… Лубеницата содржи повеќе ликопен од доматите.

Лубеницата содржи и витамини Ц, Б1, Б6, како и минерали калиум, магнезиум… Ја содржи и аминокиселината цитрулин, која во организмот се претвора во аргинин. Аргининот е вазодилататор и ги шири крвните садови, а со тоа го намалува крвниот притисок. Цитрулинот помага да се релаксираат мазните мускули и да се намали болката во мускулите по напорни тренинзи. Сепак, количината на цитрулин во лубеницата не е доволна за овие ефекти, па затоа за овие цели се користат суплементи со цитрулин, а нив најмногу ги користат спортистите.

Лубеницата е нискокалорична, но нутритивно е многу богата, бидејќи содржи високо ниво на витамини, минерали и антиоксиданти.

Дињите исто така припаѓаат на семејството тикви и се произведени неколку различни сорти (ананас, класична, десертна…).

Содржи витамини и минерали: Ц, фолна киселина, бета каротен, калиум и магнезиум. Високата содржина на калиум позитивно влијае на намалување на крвниот притисок. Дињата содржи многу повеќе калиум од лубеницата.

Високата содржина на влакна во дињата го олеснува варењето, а со тоа помага кај запекот и елиминацијата на штетните метаболички производи.

Се верува дека благодарение на ензимот супероксид дисмутаза што се содржи во дињите, неговата консумација го намалува стресот, ја подобрува концентрацијата и квалитетот на сонот. Дињите спаѓаат во лесно сварлива храна, па затоа се препорачуваат за луѓе со чувствителен желудник. Според некои истражувања, жените кои секојдневно консумираат дињи имаат помал ризик од развој на метаболички синдром.

Дињата е, сепак, побогата со хранливи материи и витамини од лубеницата, па затоа, таа треба да биде вашиот прв избор.

Сепак, без разлика дали ќе изберете лубеница или диња, нема да погрешите. Одлични се за правење сладолед и овошни салати, смути, комбинирање со сирење… Имате безброј можности, само изберете свежи, бидејќи од тоа зависи и нивната сладост.

Гастроентеролози: Овие пет видови овошје го намалуваат ризикот од рак и го чуваат здравјето на цревата

Не ја фрлајте кората од лубеница: Одлична е за здравјето, ја подобрува циркулацијата и потенцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот