Фото: pexels-janetrangdoan

Гастроентеролози: Овие пет видови овошје го намалуваат ризикот од рак и го чуваат здравјето на цревата

„Смртноста од рак на дебелото црево кај луѓе под 50 години не само што расте, туку сега е водечка причина за смрт од рак во таа возрасна група“, предупредува гастроентерологот Лејбелис Падиља за „Парада“.

Иако причината не е целосно разјаснета, лекарите нагласуваат дека важна улога играат начинот на животот и исхраната. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање одредени видови овошје може да помогне во намалувањето на ризикот.

Лубеница

Истражувањето покажало дека редовното јадење лубеница е поврзана со 26 отсто помал ризик од колоректален рак.

„Доматите често се сметаат за здрави поради ликопенот, моќен антиоксидант кој им ја дава црвената боја. Ликопенот се наоѓа и во лубеницата, а телото од неа може дури полесно да го апсорбира“, објаснува Падиља.

„Лубеницата е богата со антиоксиданти, вклучувајќи витамин Ц, кој помага во борбата против оксидативниот стрес. Високиот процент на вода придонесува за подобро работење на дигестивниот систем“, додава гастроентерологот д-р Нил Парик.

Јаболка

Редовното консумирање јаболка е поврзано со 25 отсто помал ризик од рак на дебелото црево. Доктор Џејмс Кокс, исто така гастроентеролог, објаснува дека причината лежи во влакната и флавоноидите, кои дејствуваат како антиоксиданти и ги намалуваат воспаленијата.

„Јаболката содржат растворливи влакна кои ги хранат здравите бактерии во цревата“, додава д-р Парих.

Киви

Јадењето киви е поврзано со 13 отсто помал ризик од колоректален рак.

„Кивито е богато со витамин Ц, влакна и ензими како актинидин, кои помагаат во одржувањето на здрав цревен микробиом“, рекол д-р Парих.

Едно истражување покажало дека јадењето две киви дневно може да го ублажи запекот, што е важно бидејќи, како што објаснува д-р Кокс, побрзото поминување на храната низ дигестивниот систем може да го намали ризикот од рак.

Цитруси

Цитрусните овошја како што се портокалите, лимоните и грејпфрутот се поврзани со девет отсто помал ризик од карцином на дебелото црево.

„Цитрусите се богати со витамин Ц и флавоноиди, кои имаат силни антиоксидантни и противвоспалитени својства и помагаат во зачувувањето на здравјето на цревната слузница“, вели д-р Парих.

Бобинки

Иако тоа не било особено истакнато во анализата, д-р Парих препорачува редовна консумирање бобинки.

„Бобинките се богати со влакна и полифеноли, кои се поврзани со намален ризик од рак на дебелото црево“, рекол тој.

Д-р Кокс нагласил дека разновидна исхрана е клучна, додека д-р Падиља заклучил дека „важно е да не се фокусираме само на одредени видови храна бидејќи разновидноста на исхраната е клучна за здравјето, особено за цревниот микробиом“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот