Лана Дел Реј - Фото: JUSTIN CAMPBELL / INSTAR Images / Profimedia

Лана Дел Реј преку емотивна објава го покажа сопругот и најави два нови албуми по четири години пауза

Американската музичка ѕвезда Лана Дел Реј ретко споделува моменти од својот приватен живот, но овој пат направи исклучок. Пејачката на социјалните мрежи  сподели интимни моменти од нејзиниот брак со сопругот Џереми Дуфрен, а воедно откри и големи новости за нејзината музичка кариера.

Лана Дел Реј – Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Интимни кадри од брачниот живот

На својот Инстаграм профил, Лана сподели низа лични видеа и фотограгфии со Џереми, кој инаку е познат како ловец на алигатори, а со кого стапи во брак на интимна церемонија во септември 2024 година.

За пејачката која со години негува имиџ на мистериозна дива, ваквите фотографии се вистинска реткост откако е во брак. На фотографиите нема естетика, туку чиста емоција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LANA DEL REY (@honeymoon)

Најава за два нови албума

Покрај фотографиите, Лана Дел Реј напиша и емотивна порака во која откри дека подготвува два нови студиски албума, осврнувајќи се на изминатите четири години исполнети со трпение и сомнежи.

„Толку многу нешта се случија во последните четири години. Толку многу време поминато во чекање работите да се  наредат и размислување дали е во ред што некои нешта се распаѓаат. Трпението беше клучот, а помеѓу песните доаѓаа нови мисли за старите пријатели и за некои нови соништа“, напиша Лана.

Пејачката појасни дека првиот албум, насловен „Stove“, ќе биде класично издание на кое работи веќе со години, додека вториот албум настанал како еден вид музички коментар на истиот тој бурен животен период.

Од алкохолизам до кралица на меланхолијата — Лана Дел Реј полни 41 година, а мирот го најде покрај туристички водич од Лузијана

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот