Ламин Јамал со брат му Кејн / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Најслаткиот момент — малиот брат на Ламин Јамал истрча на теренот да го прегрне по освојувањето на светската титула

По историската победа на Шпанија над Аргентина со 1:0 во финалето на Светското првенство во 2026 година, една од најемотивните сцени се случи веднаш по последниот судиски свиреж.

Тригодишниот Кејн, помладиот полубрат на Ламин Јамал, истрча на теренот на стадионот „Њујорк Њу Џерси“ во Ист Радерфорд и со голема радост му се фрли во прегратка на шпанскиот репрезентативец.

На видеото, кое беше објавено од „Фокс спортс“, се гледа како Кејн, облечен во црвениот дрес на шпанската репрезентација, трча кон својот брат, аплаудира и потоа скока во неговите прегратки. Детето во рацете држеше и дел од мрежата од голот како спомен од историскиот натпревар.

Фото: Profimedia

Кејн е син на мајката на фудбалерот, Шејла Ебана, која по разделбата со таткото на Јамал, Мунир Насрауи, основала ново семејство. Кејн е роден во септември 2022 година.

Нивната блиска врска со години привлекува внимание, а малиот Кејн често е присутен на натпреварите на својот постар брат уште од дебито на Јамал за Барселона во 2023 година.


Сличен емотивен момент беше забележан и по полуфиналната победа на Шпанија над Франција, кога Кејн истрча низ трибините за да го пронајде Ламин Јамал и силно да го прегрне.

Шпанија до светската титула стигна со победата од 1:0 над Аргентина, благодарение на голот на Феран Торес во 106. минута од продолженијата. За Ламин Јамал ова беше прв настап на Светско првенство, а репрезентацијата ја освои својата втора светска титула по триумфот во 2010 година.

Лаутаро во солзи по херојскиот гол против Англија: „Го сонував ова“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот