ФОТО | Ги пронајдовме најдобрите бели маички на сите времиња — во нив ќе изгледате толку шик и кул!
Не мора да бидат скапи, но мора да имаат сè што треба: одличен крој и квалитетна ткаенина. Ова се најдобрите бели маички што треба да ги додадете во вашиот гардеробер.
Препорачано
Некој цел живот се мачи да го пронајде совршениот пар фармерки. Но, тоа веќе и не е некој предизвик наспроти потрагата по навистина добра – бела маица. Фин памук или речиси незабележлива мешавина што дише и не се гужва претерано. И тука мислиме на млечно белата маичка. Изработка што нема да дозволи формата да се изгуби по две перења, а конците да почнат да висат… Да, најдобрите бели маички мора да исполнуваат повеќе критериуми од фармерките.
Едно од основните парчиња облека, решение кое ги поврзува другите парчиња облека како основа, парче ткаенина со кое можеме да изразиме став, да додадеме урбан шарм или да поедноставиме комбинација. Ви ја претставуваме „Нејзиното Височество“ белата маичка! Ова парче е секогаш присутно во нашите гардероби, а неговите варијанти се безбројни.
View this post on Instagram
Секој гардеробер треба да има неколку обични бели памучни маички, кои ќе бидат негова основа рамо до рамо со добар пар фармерки или одлично кроени панталони. Неопходната бела маичка, без дополнителни ознаки и детали, може да помогне во креирањето одлични комбинации. Факт е дека едноставноста е порелевантна денес од кога било и можете да го претставите итж-изгледот без да ја напуштите вашата зона на удобност. Фармерките и обичната маичка со салонки ќе бидат соодветно и трендовско решение за канцеларијата, додека со модерни патики, ќе бидете повеќе од задоволни од изгледот што сте го избрале за прошетка во градот.
И тука не мислиме дека мора да ги имате белите маици на „Гучи“ или на „Шанел“. Некои од најдобрите доаѓаат од „хајстрит“ брендовите.
Ако барате преголем крој, вашето пребарување е завршено. Сè во врска со оваа силуета функционира совршено, од должината на ракавите до спуштениот шев на рамената. Во оваа бела маица ќе изгледате дотерано – од канцеларија до плажа и сè помеѓу. Припаѓа на линијата „Х и М студио“, така што квалитетот на ткаенината и изработката се малку повисоки и значително потрајни од повеќето бели маици на „хајстрит“ брендовите.
Кога избирата совршена бела маица, моделот треба да биде направен од памук која дише и гарантира удобност и покрај тесната силуета (а откако ќе купите бела боја, лесно би можеле да се најдете себеси како посегнувате по сите други бои).
View this post on Instagram
Факт е дека маичката е парче облека што ќе им помогне на другите парчиња облека меѓусебно да се вклопат, да ги надополнат или да ги смират. Едно од ретките парчиња што можат добро да функционираат и ако се помали или поголеми од соодветниот број, а кои ќе ги носиме во формални пригоди и лежерни варијанти. Затоа, белата маица е апсолутно задолжителна во безброј варијации. Не го земајте здраво за готово ова парче облека, туку искористете го целиот нејзин потенцијал, особено во оние прилики кога стоите пред плакарот и си мислите: „Немам што да облечам!“
ФОТО | Ова модно парче летово ја симна од тронот ленената кошула и изгледа 10 пати полуксузно


