Скандал ја тресе Хрватска — украдени се податоци на половина милион ученици и наставници
Личните податоци на повеќе од 560.000 хрватски ученици и наставници, вклучувајќи ги нивните имиња и презимиња, функции, имиња на училиштата во кои работат или посетуваат и нивните официјални е-адреси, беа објавени во јавноста. Истрагата за тоа кој, како и со каква намера ја украл и објавил големата база на податоци е во тек, објавија хрватските медиуми.
Препорачано
Хрватската академска и истражувачка мрежа Карнет вели дека веднаш ги презеле сите потребни мерки штом дознале за објавувањето на базата на податоци презел сите потребни мерки и започнала обемна техничка и форензичка анализа.
„Она што засега можеме да го кажеме е дека прелиминарните резултати покажуваат дека податоците не се земени од системите на Карнет, туку наликуваат на податоци од системи од трети страни“, изјави Ана Смољо, помошник-директор на мрежата.
Детскиот правобранител Татјана Каткиќ Станиќ ги повика властите брзо да реагираат.
„Очекуваме дека надлежните органи многу брзо ќе дадат многу јасни упатства и отворено ќе ги обезбедат сите информации што се потребни во однос на децата, и во однос на родителите, и во однос на училиштата“, рече таа.
Карнет предупредува на можни опасности.
„Постои зголемен ризик од социјален инженеринг, особено фишинг, т.е. лажни е-пораки во кои испраќачите се претставуваат себеси и бараат посебни податоци како што се картички, лозинки итн. Им советуваме на корисниците да не одговараат на вакви пораки, да не отвораат линкови и прилози“, објасни Смољо.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ смета дека штетата во овој случај не е преголема.
„Колку што разбирам, според она што ми го кажа министерот Фукс, нема податоци што би биле чувствителни. Ова се стандардни е-адреси на луѓе што посетуваат училиште. Значи, нема ништо особено комплицирано. Луѓето знаат кој оди на училиште. Тоа не е тајна“, рече Пленковиќ.
ВИДЕО | Голема битка со огнот на островот Вис во Хрватска, 70 пожарникари на нозе


