ВИДЕО | Голема битка со огнот на островот Вис во Хрватска, 70 пожарникари на нозе

Шумски пожар избувна доцна синоќа на хрватскиот остров Вис, во близина на Комижа, Хрватска. Огнот зафатил борова шума и ниска медитеранска вегетација, а состојбата на терен и понатаму е сериозна.

Во акцијата за гаснење се вклучени 70 пожарникари со 15 противпожарни возила. Ангажирани се и канадери, а дополнителна помош пристигнува и од копното.

Според надлежните, пожарот сè уште не е ставен под контрола. Локализирањето го отежнуваат сувата вегетација и брзото ширење на пламенот.

Во текот на ноќта огнот се приближил до неколку куќи. Пожарникарите успеале да ги заштитат објектите, а засега нема непосредна опасност за населението.

Уапсен маж од Тетовско — подметнал пожар на нива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот