Фото: EPA/EFE / Filip Singer

Масакр во Германија – пет лица загинаа, осомничениот е уапсен

Најмалку пет лица загинале во вооружен напад во германскиот град Штаде, во покраината Долна Саксонија, според првичните информации, објави Билд.

Германската полиција соопшти дека осомничениот за пукањето бил уапсен кратко по нападот и е задржан во притвор.

Инцидентот се случил во областа Данкерсштрасе во Штаде, каде што веднаш биле испратени голем број полициски и спасувачки екипи.

Портпарол на полицијата потврдил дека најмалку петмина го загубиле животот. Засега не е познат мотивот за нападот.

Германскиот весник „Билд“ објави дека на терен е во тек обемна полициска операција, додека истрагата за околностите под кои се случило злосторството продолжува.

Полицијата го опколила човекот што изврши масакр во Турција – тој си пресудил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот