Авион со 232 патници принудно слета во Германија поради чад во кабината
Чад во кабината го прекина летот на чартер-авион што патувал од Грција кон Лондон, по што леталото ноќеска морало принудно да слета на аеродромот во Ерфурт, Германија, објави Калибер.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во авионот имало 225 патници и седум членови на екипажот. Станува збор за „ербас А321“ на британската авиокомпанија „Џет2“.
Откако бил забележан чад во леталото, екипажот побарал итна помош. Авионот безбедно слетал, а патниците и членовите на екипажот биле евакуирани. Повредени нема.
Пожарникарите извршиле проверка, но не откриле пожар, ниту извор од каде потекнувал чадот. Причината за инцидентот засега не е утврдена.
Авионот ќе остане во Ерфурт додека не се направи детален технички преглед. Во меѓувреме, авиокомпанијата треба да обезбеди заменски лет за патниците кон Лондон.
Рускиот авион, кој исчезна со 189 патници, принудно слетал во Сочи
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
10мин
-
12мин
-
14мин
-
18мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


