Лионел Меси EPA/JEFFREY MCWHORTER

Врачот што тврдеше дека го „запре“ Кејн сега најавува сензација: Зеленортските Острови ќе ја елиминираат Аргентина?

Врачот од Гана, Нана Кваку Бонса, повторно го привлече вниманието на јавноста со своите предвидувања за Светското првенство.

Пред натпреварот меѓу Англија и Гана, Бонса тврдеше дека фрлил „клетва“ врз капитенот на Англија, Хари Кејн, поради што, според него, напаѓачот нема да постигне гол. Натпреварот заврши без голови (0-0), по што неговите изјави станаа тема на бројни реакции на социјалните мрежи.

Ги загуби мајка си и татко си за една година, а синоќа ја одведе својата репрезентација во осминафиналето на Мундијалот

Во пресрет на осминафиналето, исцелителот повторно излезе со смело предвидување. Овојпат тврди дека дебитантот Зеленортските Острови ќе го приреди најголемото изненадување на турнирот и ќе ја елиминира актуелната светска шампионска Аргентина.

Аргентина влегува во натпреварот како изразен фаворит, предводена од Лионел Меси, додека Зеленортските Острови за првпат во својата историја настапуваат во нокаут-фазата на Светско првенство.

Дали предвидувањето на Бонса повторно ќе привлече внимание или Аргентина ќе ја оправда фаворитската улога, ќе стане познато по одигрувањето на осминафиналниот дуел.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Договорено реми на Алжир и Австрија, Канада е првиот осминафиналист

Марез „потврди“ дека натпреварот Алжир-Австрија е наместен: „Срамно е, но тоа е фудбалот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот