Ги загуби мајка си и татко си за една година, а синоќа ја одведе својата репрезентација во осминафиналето на Мундијалот
Канадската репрезентација испиша нова страница во својата фудбалска историја, пласирајќи се во осминафиналето на Светското првенство за првпат досега. Во првиот натпревар од нокаут-фазата, Канада со минимални 1-0 ја совлада Јужна Африка, благодарение на голот на Стивен Еустакио во судиското продолжение.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако Канаѓаните доминираа во поголемиот дел од натпреварот, не успеваа да најдат начин да го совладаат одличниот Ронвен Вилијамс. Кога сите очекуваа продолженија, во 92. минута Еустакио одбиена топка ја претвори во победнички погодок и ја однесе својата репрезентација меѓу 16-те најдобри на Мундијалот.
Во осминафиналето Канада ќе игра против победникот од дуелот меѓу Холандија и Мароко.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Договорено реми на Алжир и Австрија, Канада е првиот осминафиналист
По натпреварот, херојот на Канада не можеше да ги задржи солзите за време на телевизиското интервју. Причината не беше само историскиот успех, туку и тешката лична трагедија што ја преживеа во изминатите две години.
Во 2024 година Еустакио ја загуби својата мајка по борба со тумор на мозокот, а само една година подоцна почина и неговиот татко, кој доживеа срцев удар. Токму затоа, погодокот против Јужна Африка за него имаше посебно значење.
„Работевме напорно за оваа победа. Сакавме да им ја подариме на сите Канаѓани. Верувавме до самиот крај и не се откажавме. Кога шутирав, чувствував како сите наши навивачи и соиграчи да шутираат заедно со мене. Сега сме пресреќни, а во следната рунда ќе направиме сè за да им приредиме тежок натпревар на Холандија или Мароко“, изјави Еустакио низ солзи.
Интервјуто беше прекинато кога фудбалерот не можеше да ги совлада емоциите, а новинарот го прегрна и со зборовите „Канада ти вели благодарам“ стави крај на еден од најемотивните моменти на досегашниот тек од Светското првенство.
Stephen Eustaquio lost his mother to brain cancer in 2023. Then, he lost his father to a heart attack in 2024. Today, he became an instant hero in Canada in another moving World Cup moment 🥹🇨🇦❤️
Asked about his family in the post-match press conference, the scorer of the… pic.twitter.com/EvbsB0PLCb
— Football360.com.au (@football360au) June 28, 2026
Светското првенство руши рекорди: 4,6 милиони навивачи во првите 17 дена


