Фото: EPA/ADI WEDA

Првиот човек на саудискиот фудбал си поднесе оставка по неуспехот на Мундијалот

Елиминацијата во групната фаза на Светското првенство донесе големи промени во саудискиот фудбал. Претседателот на Фудбалската асоцијација на Саудиска Арабија, Јасер Ал Мишехал, поднесе оставка по неуспешниот настап на националната репрезентација.

Ал Мишехал стави крај на својот седумгодишен мандат, откако Саудиска Арабија го заврши Мундијалот на последното место во групата Х со само два освоени бода. Ремито без голови против Зеленортските Острови беше доволно само за елиминација, а првиот човек на федерацијата реши да ја преземе одговорноста за неуспехот.

„Ова не е резултат што ги одразува нашите заеднички амбиции. Јас ја преземам целосната одговорност за овој неуспех“, изјави Ал Мишехал при објавувањето на својата оставка.

За Саудиска Арабија ова беше уште едно разочарување на светските првенства. Во своите седум настапи на Мундијалите, репрезентацијата само еднаш успеала да ја мине групната фаза – во 1994 година во САД, кога стигна до осминафиналето.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Договорено реми на Алжир и Австрија, Канада е првиот осминафиналист

Марез „потврди“ дека натпреварот Алжир-Австрија е наместен: „Срамно е, но тоа е фудбалот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот