Противничката на Ѓорческа на Вимблдон, направила „малку необични подготовки“ за тревни терени, а потоа одлетала кон САД…
Веднаш по турнирот во Квинс Анисимова одлетала дома на пет дена, што не и било претходно планирано, па експресно се вратила за да игра на Вимблдон
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа треба во вторник да се сретне со Американката Аманда Анисимова во првото коло на Вимблдон.
Препорачано
Според официјалното гласило на турнирот, подготовките на Анисимова на тревните терени биле малку необични. Имено таа одиграла два меча на турнирот во Квинс, загубила во четвртфиналето, а потоа одлетала дома во САД на пет дена, но се чувствувала уште подобро затоа што го сторила тоа на таков начин.
– Беа само пет дена и, искрено, се чувствував многу подобро физички и ментално откако се вратив дома, но тоа навистина не беше планот. Мислам, да преземеш лет само за да се вратиш за пет дена, кога (ионака н.з.) ќе се вратиш по Вимблдон? Но, понекогаш едноставно мораш сам да ги донесеш тие одлуки и, да, среќна сум што го направив тоа. Исто така, тренирав многу, па затоа е во ред – изјавила Анисимова.
Аманда Анисимова е шеста носителка на Вимблдон и е огромна фаворитка во дуелот со Ѓорческа, која е квалификант на главниот дел од Вимблдон.
Ѓорческа: Анисимова е комплетна тенисерка, ќе дадам сè од себе!


