Фото: Screenshot/X

Полска и Аргентина го одиграа најдолгиот сет во историјата на одбојката — заврши 50-48

Натпреварот меѓу Полска и Аргентина во Лигата на нации донесе момент што ќе остане запишан во историјата на одбојката. Двете репрезентации одиграа сет каков што досега не е забележан на највисоко ниво.

Третиот сет се претвори во вистинска драма, бидејќи ниту една селекција не успеваше да направи решавачка предност. По долга борба и игра на разлика, Аргентина славеше со 50-48.

Вкупно беа освоени 98 поени, бројка која вообичаено е доволна за два комплетни сета, но овојпат сите беа одиграни во само еден.

Со тоа беше поставен нов рекорд за најдолг сет во историјата на одбојката. Исцрпувачката пресметка траеше дури 62 минути и ќе остане запаметена како една од најнеизвесните во историјата на овој спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот