ВИДЕО | ВАР му поништи гол на Иран во 93 минута, Белгија со „петарда“ до првото место
Белгиската фудбалска репрезентација убедливо го победи Нов Зеланд со 5:1 во третото коло од групата Г на Светското првенство.
Препорачано
Белгијците го обезбедија првото место со двата гола на Леандро Тросар и по еден од Кевин Де Брујне, Ромелу Лукаку и Алексис Салемакерс.
Единствениот стрелец за претставникот на Океанија кој го заврши натпреварувањето беше Елија Џаст во 90 минута кога го намали резултатот на 4:1.
Во истата група фудбалерите на Иран и Египет одиграа нерешено 1:1. По ова реми, Египќаните завршија како втори во групата Г, додека Иранците се и натаму на мини табелата меѓу осумте најдобро рангирани третопласирани селекци и нивната судбина сега зависи од исходите на другите натпревари во последното коло од групната фаза.
Иран во самиот финиш од мечот успеа да постигне гол преку Шоџа Халилзаде, но по проверката на ВАР, истиот беше поништен поради офсајд. Клучниот детаљ беше моментот кога топката му се додаваше на стрелецот, кога беше утврдено дека Халилзаде е во недозволена позиција.
Иран беше на само неколку сантиметри од чудесен резултат во Сиетл, египетската одбрана беше поставена на таков начин што голманот остави еден одбранбен играч зад топката кога ја напушти гол-линијата, што формираше офсајд линија.


