Фото: EPA/STEPHAN BRASHEAR

Познати се уште пет парови во нокаут фазата на Светското првенство

По натпреварите од групната фаза одиграни во петокот навечер и саботата наутро, познати се уште пет парови од 1/16 финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Актуелниот светски шампион Аргентина ќе биде фаворит во дуелот против најголемата сензација Зеленортски Острови. Дебитантот ја помина групната фаза по ремито 0:0 против Саудиска Арабија.

Аргентинците знаат и со кого ќе се соочат во евентуалното осминафинале. Тоа ќе биде подобриот тим од дуелот меѓу Австралија и Египет. Двете селекции беа второпласирани во своите групи.

Франција, најдобрата во групата И, дозна дека ќе игра против Шведска за место во осминафиналето, додека Германија за противник го има Парагвај. Познато е дека победниците од овие дуели ќе играат и во борбата за место во четвртфиналето.

Норвешка, како второпласирана од групата И, ќе се соочи со Брегот на Слоновата Коска во нокаут фазата. Кој и да се пласира од овој натпревар за четвртфинале ќе игра со подобриот тим од мечот Бразил – Јапонија.

Порано дознавме дека Босна и Херцеговина дефинитивно ќе игра против еден од домаќините на СП – САД – за место меѓу најдобрите 16.

Вкрстувањето помеѓу групите Ф и Ц ќе донесе два спектакуларни натпревари на почетокот од нокаут фазата. Холандија, како најдобар тим во групата Ф, ќе игра против Мароко, додека Бразил, победникот на групата Ц, ќе се соочи со Јапонија, која од групата Ф се пласираше како второпласиран тим.

Во четврток наутро дознавме дека првиот пар од осминафиналето ќе бидат Јужна Африка и Канада, а исто така е познато дека победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот тим од натпреварот Холандија – Мароко за место во четвртфиналето.

Светско првенство
1/16 финале

Германија – Парагвај
Франција – Шведска

Јужна Африка – Канада
Холандија – Мароко

САД – Босна и Херцеговина

Бразил – Јапонија
Брегот на Слоновата коска – Норвешка

Аргентина – Зеленортски Острови
Австралија – Египет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот